24фудбал

Меси постигна прекрасен гол и му го посвети на Марадона, убедлив триумф на Барселона (ВИДЕО)

Барселона со убедливи 4-0 ја победи Осасуна, важни три бода за каталонскиот тим кој има слаб старт на сезоната во Примера, Гризман и Меси постигнаа спектакуларни глови.

Шпанија

Резултатот го отвори Братвајт кој најдобро се снајде во една мешаница во 29. минута и ја смести топката во мрежата на гостите за 1-0.

На три минути пред крајот на првото полувреме Гризман со маестрален волеј постигна гол за предност на Барса и од 2-0.

Во 57. минута од мечот, Гризман асистираше до Кутињо кој постигна лесен гол за 3-0 и ги реши сите дилеми околу победникот.

Во 73. минута уште еден убав гол на мечот, овој пат во режија на Меси кој погоди од надвор од шеснаесет метри. Погодокот му го посвети на Марадона, облече дрес од Њувелс Олд Бојс и погледна кон небото.