24фудбал

Зидан: Не можам да ја објаснам нашата форма

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е разочаран по вчерашниот пораз од Алавес на домашен терен, вели дека не може да објасни што се случува со неговиот тим.

Шпанија

Реал Мадрид синоќа направи голем кикс откако со загуби со 2-1 од Алавес на домашен терен и дополнително се одалечи од врвот во Примера. Поразот доаѓа по победата над Интер во Милано.

„Не можам да ја објаснам нашата форма. Ги засенуваме добрите моменти со лоши моменти“, вели Зидан.

„Кога тие постигнаа гол по три минути игра, работите станаа многу комплицирани. Против Интер одигравме добар меч, но сега не. Немам објаснување за тоа“.

„Треба да продолжиме да работиме напорно, за да ја промениме формата“.