24фудбал

Азар повторно се повреди, уште во текот на првото полувреме го напушти мечот со Алавес

По само половина час игра, Еден Азар го напушти мечот меѓу Реал Мадрид и Алавес поради повреда, белгискиот фудбалер откако дојде во кралскиот клуб мака мачи со повреди.

Шпанија

Веројатно се работи за некаква повреда на десниот бутен мускул, Азар почувствува болка и побара да биде заменет.

Во текот на утрешниот ден ќе му бидат направени детални тестови по што ќе се знае тежината на повредата и колку време ќе отсуствува.