24фудбал

Вардаровите фудбалери се поголеми од кризата, црвено-црните врзаа две победи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар со 2-0 ја победи Академија Пандев и врза две победи по ред во Првата македонска лига, црвено-црните запишаа три бода со кои најавија и борба за местата кои водат во Европа.

Македонија

Вардар е во голема криза, но фудбалерите се поголеми од неа, и покрај сета безпарица тие гинат за црвено-црниот дрес. Денеска ја победија Академија Пандев со голови на Матеј Цветановски и Филип Петковски, голманот Филип Илиќ одбрани пенал.