24фудбал

На Јувентус тешко му оди без Роналдо, кикс и против Беневенто (ВИДЕО)

Јувентус одигра само 1-1 на гостувањето кај Беневенто, тоа е трет меч како го играат без Кристијано Роналдо против послаб противник и не успеваат да победат.

Италија

Претходно Јувентус без Роналдо не успеа да ги победи Кротоне и Верона, а денеска киксна против Беневенто. 

Натпреварот почна добро за Јувентус, во 21. минута со гол на Мората поведоа со 1-0.

Тој резултат беше активен се до судиското продолжение од првиот дел кога Летиција го изедначи резултатот на 1-1.

Јувентус имаше уште цело полувреме да го врати водството и да ги освои трите бода, но не успеа. По крајот на мечот Мората заработи црвен картон поради неспортско однесување, приговор кон судијата па ќе го пропушти градското дерби против Торино.