24фудбал

Интер се опорави од поразот од Реал Мадрид со сигурна победа над Сасуоло (ВИДЕО)

На отварањето на 9. коло во Серија А, Интер на гостувањето кај Сасуоло славеше со 0-3 и се опорави од поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Италија

Избраниците на Антонио Конте беа во лошо расположение откако во средата загубија дома од Реал Мадрид и се пред елиминација од Лигата на шампиони. Сепак, попладнево тие одговорија и со 0-3 славеа на гостувањето кај Сасуоло.

Резултатот беше отворен рано, Санчез уште во 4. минута погоди за 0-1. Десетина минути подоцна беше 0-2. Видал упати една остра топка на пет метри а Кирикеш си постигна автогол.

Победата беше осигурана по еден час игра, Гаљардини убаво закачи еден полу-волеј и ги постави конечните 0-3.