Дербито во втората лига на Македонија помеѓу Брегалница и Тиквеш донесе голем инцидент, во Штил дојде до жестока тепачка помеѓу „Фаланга“ и „Лозари“.
Категорија: Македонија 28.11.2020 17:01 Прочитано: 2145 пати
Поради пандемијата на ковид-19, фанови не се присутни на стадионите, но и покрај тоа денеска настана голем инцидент во Штип. На дербито од втората лига на Македонија помеѓу Брегалница и Тиквеш дојде до жестока тепачка помеѓу навивачите на двата тима, односно популарните „Фаланга“ и „Лозари“.
Неофицијално има многу повредени од уличната војна, од МВР најавија дека наскоро ќе излезат со соопштение и детали за инцидентот.
Видео материјали од М-нет