24фудбал

Брајтон со гол од пенал во 93. минута се спаси од пораз против Ливерпул, ВАР дури четири пати ги разочара црвените (ВИДЕО)

Ливерпул беше на чекор до победа од гостувањето кај Барнли, но домаќините со гол во судиското продолжение дојдоа до бод, ВАР дури четири пати не му одеше во прилог на тимот на Клоп.

Англија

По преглед од ВАР, Брајтон доби пенал во 20. минута, но Мопеј го промаши целиот гол и резултатот остана 0-0.

Во 34. минута Салах даде гол, сепак по прегледувањето на ВАР беше досуден офсајд, погодокот беше поништен. 

По 15 минути игра Диого Жота постигна гол и му донесе водство на Ливерпул од 1-0.

Во 84. минута црвените уште еднаш погодија, Мане даде гол, но по преглед на ВАР снимката и овој гол им беше поништен поради офсајд.

Течеше судиското продолжение кога уште еднаш ВАР реагираше, беше досуден пенал за Брајтон кој овој пат го реализираше Грос за конечни 1-1.

Ливерпул со овој бод се искачи на првото место на табелата, но таму ќе престојува само до утре кога ќе биде симнат од Челси или Тотнем без разлика како ќе заврши тој натпревар.