24фудбал

Статистика која вели дека Алисон е страшило за противниците

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер има неверојатна статистика кога се во прашање пеналите.

Англија

Мопеј денеска од белата точка промаши цел гол против Алисон, па статистичарите излегоа со еден интересен податок кога станува збор за голманот на Ливерпул и пеналите.

Статистиката вели дека на последните девет пенали кои му ги шутирале комбинирано во Премиерлигата и Серија А, Алисон примил три гола, три одбранил, а трипати противниците го промашиле целиот гол.

Податокот дека дури 33% од шутевите завршиле надвор од оквирот на голот е неверојатен бидејќи ретко се случува да биде промашен целиот гол.

Тоа значи дека Алисон има ефект на страшило за голманите.