24фудбал

Лампард: Мојот однос со Мурињо се промени, но...

Френк Лампард вели дека неговиот однос со Жозе Мурињо не е ист како порано, бидејќи сега се ривали, но меѓусебната почит е иста како и секогаш.

Англија

Утре Челси го пречекува Тотнем, Лампард и Мурињо ќе имаат уште една битка како тренери.

Лампард беше еден од клучните играчи на Мурињо во Челси, тој беше незаменлив под водство на Португалецот, двајцата имаа брилијантен однос. 

„Го напуштив Челси во 2014 година и мојот живот отиде во друга насока, и кога сте професионалец, често сте зафатен во работата и вашите односи со другите во животот се менуваат“, вели Лампард.

„Кога ќе го видам Жозе, кога ќе зборувам за него или кога ќе си праќаме меѓусебни пораки, секогаш сме имале добар однос“.

„Природно е сега, кога сме тренери на големи клубови кои се ривали, односот да се промени, и така, но не на лош начин, немам проблем со него. Ние сме компетитивни и двајцата сакаме да завршиме добра работа за клубовите“.

„Мислам дека кога зборувам за Жозе секогаш покажувам колку голема почит имам за него. Отсекогаш сум чувствувал дека и од негова страна е така, и тој има почит за мене“.