24фудбал

Марадона погребан на до неговите родители во Буенос Аирес (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Диего Марадона, на приватна церемонија само со најблискуте луѓе беше погребан во Буенос Аирес до гробовите на своите родители Далма и иДиего.

Јужна Америка

На погребот на Марадона присуствуваа само членови на фамилијата и негови блиску пријатели, неговото вечно почивалиште е сместено веднаш до неговите родители Далма и Диего.

До гробиштата возилото во кое беше пренесуван Марадона беше под силно обезбедување. На патот илијадници фанови вееа знамиња и се обидуваа да го допрат возилото.

Претходно телото на Марадона беше изложено во претседателската палата каде фановите се испраќаа од аргентинската икона. Таа церемонија траеше значително подолго од предвиденото, фамилијата побара да се прекине за да може да биде извршен закопот. Тогаш настанаа инциденти бидејќи голем дел од фановите не успеаа да поминат крај телото на Диего. Полицијата употребуваше и гумени куршуми.

„Диего не е мртов, Диего живее во луѓето“, извикуваа фановите низ улиците на Буенос Аирес.