24фудбал

Конте како Интер да е мал клуб: Не заборавајте, игравме против Реал Мадрид

Интер на свој терен загуби од Реал Мадрид и дојде на работ на елиминација во Лигата на шампионите, Антонио Конте вели дека играле против силен противник и затоа загубиле.

Италија

Интер не ги исполнува очекувањата на фановите оваа сезона, тимот е на петтото место во Серија А и е пред испаѓање од Лигата на шампионите уште во групната фаза.

Полека почнува да се тресе столчето на Антонио Конте, можеби се уште го држи големото обесштетување кое ќе треба да му го плати Интер ако го отпушти.

„Секогаш е тешко да се игра против големи клубови како Реал Мадрид, па кога ќе ви исклучат играч, ситуацијата станува како невозможно искачување по планина“, вели Конте по натпреварот.

„Мислам дека ја видовме разликата меѓу нив и нас. Тоа не треба да не турне надолу, туку да го сфатиме како пат кој треба да го поминеме, мора да бидеме гладни, да работиме напорно, да бидеме скромни, да сфатиме каде сме и да не дозволиме да не вознемират гласовите кои доаѓаат однадвор“.

„Единствениот пат за напред е да работиме напорно и да напредуваме на секој возможен начин“.

„Мислам дека играчите работеа многу напорно денеска. Не заборавајте, игравме против Реал Мадрид, а не против некој тим кој е на дното на табелата“.