24фудбал

Таљифико се загреваше како Марадона (ВИДЕО)

Играчот на Ајакс, Николас Таљифико се обиде да го имитира легендарното загревање на Марадона.

Лига на Шампиони

Пред денешниот меч од Лигата на шампионите меѓу Ајакс и Митјиланд, Таљифико имаше мало шоу откако се обиде да го имитира Марадона.

Наполи играше полуфинале против Баерн Минхен во Купот на УЕФА кога Марадона го изведе легендарното загревање кое никогаш не се заборави. Тој танцуваше на песната „Live is Life“.

Истата песна денеска беше пуштена на загревањето пред мечот меѓу Ајакс и Митјиланд, веројатно во чест на Марадона. А Таљифико помалку срамежливо се обиде да биде како Аргентинецот.