24фудбал

Фоден го однесе Манчестер Сити во осминафиналето од ЛШ (ВИДЕО)

Со гол на Фоден, Манчестер Сити славеше минимална победа во Грција од 1-0 против Олимпијакос и на две кола до крајот обезбеди место во следната фаза, Борусија Менхенгладбах со убедливи 4-0 славеше над Шахтар.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити пропушти бројни шанси да слави убедлива победа против Олимпијакос, но и триумфот од 1-0 ги носи потребните три бода за да се заврши задачата, пласман во следната рунда.

Клучниот момент се случи во 36. минута кога по асистенција од Стерлинг, Фоден постигна гол за водство на Сити од 1-0 кое беше и конечен резултат.

Борусија Менхенгладбах направи крупен чекор кон осминафиналето откако со 4-0 го победи Шахтар.

Штиндл, Елведи, Емболо и Венд беа стрелци на головите за германскиот тим.