24фудбал

Роналд Куман бара решенија како да ја закрпи дефанзивата по повредата на Пике

Тренерот на Барселона, Роналдо Куман би можел да го промовира Оскар Мингуеза во од Б тимот на местото од повредениот Пике.

Шпанија

Пике и Серхи Роберто поради повреди ќе бидат надвор од теренот најмалку до почетокот на 2021 година.

Самуел Умтити и Роналд Араухо физички не се најпремни, па „Мундо Депортиво“ пишува дека 21-годишниот Мингуеза ќе биде прекомандуван во првиот тим за дуелот со Динамо Киев.

Другата опција на Куман е да го викне Санти Рамос, парнерот на Мунгуеза во дефнзивата од Б тимот на Барселона.

И Френки Де Јонг исто така би можел да му биде парнер на Ленгле во одбраната доколку е потребно.

Барселона го има најлошиот старт на сезоната во последните 29 години, а проблемите на Куман само се таложат.