24фудбал

Два гола на Ибрахимовиќ за историја, Милан по 10 години слави победа на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ со два гола го предводеше Милан до триумф од 1-3 на гостувањето кај Наполи, за „росонерите“ ова беше прва победа на „Сан Паоло“ по ноември 2010 година.

Италија

Златан Ибрахимовиќ продолжува да урива рекорди, Швеѓанецот стана само четвртиот играч кој постигнал гол на своите први шест натпревари во сезоната во Серија А и влезе во друштво на Батустута (1994/95), Виери (2003/03) и Пјонтек (2018/19).

Со двата погодока, „Ибракадабра“ исто така стана најстариот играч кој постигнал десет или повеќе погодоци по осум кола, претходно рекордот го држеше Силвио Пиола од сезоната 1942/43.

Напаѓачот го отвори резултатот во 20. минута, кога со глава го матираше Мерет за 0-1. По десетина минути игра во второто полувреме, Златан Ибрахимовиќ одново со глава ја затресе мрежата на Наполи за 0-2.

Домаќините се вратија во 63. минута, Мертенс намали на 1-2 но кратко потоа Бакајоко доби втор жолт и го остави Наполи на цедило.

Избраниците на Гатузо и со играч помалку се обидуваа да стигнат до бод, имаа шансa преку Петања, но окако не ја искористија, длабоко во судиското надополнување, Хауге погоди за 1-3 и прва победа на Милан на „Сан Паоло“ по 10 години.