24фудбал

Куман: Не смееме да примаме такви голови, но јас сум одговорен за резултатот

Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 1-0 и дополнително си ги намали шансите за шампионската титула.

Шпанија

Барселона во моментов е на десетото место на табелата, има дури девет бода помалку од Атлетико Мадрид со ист број на одиграни натпревари. Синоќешниот пораз само ја влоши состојбата на Каталонците и ќе има лошо влијание на атмосферата во тимот која ионака е на незадоволително ниво.

Синоќа примија гол во судиското продолжение од првиот дел по една катастрофална грешка на Тер Штеген кој непотребно беше истрчан речиси на половината од теренот.

„Ова е загрижувачки. За голем клуб да прими ваков гол... не може тоа да се случи, беше 47. минута, ние ја имавме топката и тие дадоа гол за 1-0“, вели Куман.

„Ја контролиравме играта, знаевме дека ќе биде тешко да креираме многу шанси. Имавме неколку и ако беше 0-0, мечот ќе беше сосема поинаков“.

„Како и секој тренер, јас ја преземам одговорноста за резултатите на тимот“.

„Разликата на табелата е голема, но има уште многу натпревари за играње“.