24фудбал

Пике со солзи во очите по незгодната повреда на коленото, Барса излезе со прва прогноза

Жерард Пике со солзи во очите го напушти теренот на дуелот со Атлетико Мадрид, дефанзивецот имаше незгодна повреда на коленото а според првичните прогнози се работи за извиткување.

Шпанија

„Каталонците“ не само што останаа со празни раце на „Ванда Метрополитано“ и загубија со 1-0, двајца играчи се повредија.

Се чини дека далеку посериозна е ситуацијата на Жерард Пике, кој има незгодна повреда на коленото. Првичните прогнози велат дека се работи за извиткување, Мундо Депортиво шпекулира со пауза од 6-8 недели.

Утре ќе бидат извршени детални тестови и доколку има оштетување на лигаментите, паузата ќе биде многу поголема и може да трае од 4 до 6 месеци.

Серхи Роберто пак има повреда на бутниот мускул, деталните тестови ќе покажат колку е сериозен проблемот а со тоа и времето потребно за опоравување.