24фудбал

Грешката на Тер Штеген скапо чини, Симеоне по 9 години успеа да ја победи Барса (ВИДЕО)

Диего Симеоне конечно се радува на прва победа против Барселона во Ла Лига, вечерва Атлетико Мадрид со 1-0 ги совлада „каталонците“.

Шпанија

Дури 18 натпревари му беа потребни на Диего Симеоне за конечно да се радува на три бода против Барселона во Ла Лига.

Вечерва Атлетико Мадрид со 1-0 ги совладаа „каталонците“. Клучниот момент се случи во третата минута од судиското надополнување на првиот дел.

Тер Штеген непотребно истрча на 40 метри, Караско му ја протна топката низ нозе и ја затресе мрежата.