24фудбал

Халанд не е нормален, на Херта и даде 4 гола за половина час! (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд уште еднаш покажа дека е вонсериски талент, напаѓачот на Борусија Дортмунд вечерва четири пати ја тресеше мрежата на Херта во период од 32 минути.

Германија

Норвежанецот важи за еден од најперспективните фудбалери и денеска беше прогласен за „Златно момче“. Дека се работи за вонсериски талент, Ерлинг Халанд покажа против Херта и даде четири гола за 32 минути.

Домаќините заминаа на пауза со 1-0, но по пет минути игра во продолжението, Ерлинг Халанд со два гола направи пресврт и донесе предност од 1-2. Норвежанецот потоа уште два пати ја тресеше мрежата и помогна „милионерите“ да слават со убедливи 2-5.