24фудбал

Шуле „сонува“ да игра за Манчестер јунајтед

Првиот човек за фудбалскиот сектор на германскиот весник „Билд“ тврди дека дефанзивецот има голема желба да го облече дресот на Манчестер јунајтед еден ден.

Англија

Кристијан Филк од „Билд“ твитна дека дефанзивецот од редовите на Баерн Минхен, Никлас Шуле сонува да го облече дресот на Манчестер јунајтед, клуб кој од поодамна е во потрага по засилување во одбраната, односно партнер на Хари Мегваер во тој дел од теренот.

Актуелниот договор на Шуле со германскиот првак истекува во 2022. година, а 25 годишниот фудбалер во летниот преоден рок беше поврзуван токму со Манчестер јунајтед, но до трансфер не дојде.

Вистина: Никлас Шуле сонува да игра за Манчестер јунајтед еден ден“ твитна Фалк подгревајќи ги шпекулациите за можен трансфер на германскиот стопер на „Олд трафорд“.