24фудбал

Роналдо би можел да се врати во Реал Мадрид?

Се шпекулира дека португалската ѕвезда од составот на Јувентус ја разгледува можноста околу враќање во Реал Мадрид, откако медиумите веќе известија дека би можел да си замине од Торино.

Шпанија

Кристијано Роналдо наводно веќе воспоставил контакти со челниците на неговиот поранешен клуб Реал Мадрид околу можноста да се врати во редовите на „Кралскиот клуб“, а медиумите на големо пишуваат дека тој може да си замине од Јувентус, каде дојде во 2018. година за 100 милиони евра токму од редовите на шпанскиот гигант.

„Марка“ ја објави веста за можното враќање на 35 годишниот Роналдо во Реал Мадрид, за што весникот тврди и дека Португалецот веќе воспоставил контакти со клубот, а медиумот додава дека дотогаш не постоеле никакви контакти помеѓу обете страни по трансферот пред две години.

Се верува дека Роналдо останал во контакт само со Марсело, кој воедно е негов близок пријател, но ситуацијата се променила откако Португалецот побарал лично од претседателот на клубот Флорентино Перез место на „Сантијаго Бернабеу“ за да го проследи „Ел Класико“ ланскиот март.

Од Јувентус наводно немаат ништо против идејата да се ослободат од обврските кон Роналдо, кој заработува околу 600 илјади евра неделно во клубот, а клубот од Торино секако е во голема мера погоден од финансиска гледна точка поради пандемијата со коронавирусот.