24фудбал

Како Пиоли ги води тренинзите на Милан и покрај тоа што има ковид-19

„Газета дело Спорт“ открива како се одвиваат тренинзите на Милан под водство на Стефано Пиоли кој работи од дома поради тоа што е позитивен на ковид-19.

Италија

Пиоли е во изолација, но продолжува да ги држи тренинзите на Милан благодарение на технологијата.

Според „Газета дело Спорт“, тренинзите на Милан се снимаат со дрон кој го надлетува тренинг центарот, видеото се пренесува во домот на Пиоли кој преку екран ја следи работата на неговите фудбалери.

Пред тренингот Пиоли преку видео повик со тимот и со асистентите има состанок.

Откако ќе заврши тренингот, тој заедно со своите асистентити, повторно онлајн ја анализираат работата и телефонски разговара со фудбалерите на кои смета дека треба да им каже нешто.