24фудбал

Скратен Корнер: Нов подкаст за фудбал на македонски јазик

Со постојано растечката популарност на фудбалот на глобално ниво, се зголемува и понудата на забавна содржина која се занимава со следење, анализирање и зборување за фудбал. Овој тренд се прошири и во нашата земја, со серијата ТВ и интернет емисии на тема фудбал, еден од кои е и Скратен Корнер - видео подкаст во кој тројцата домаќини ги обработуваат најинтересните случувања во рамките на овој спорт.

Македонија

Редовниот панел е составен од тројца другари: Јове, Влатко и Кирил, инаку големи љубители на фудбалската игра, кои решија своите дискусии и ставови да не ги споделуваат само меѓусебе, туку и да ги претстават на јавноста заинтересирана за „убавата игра“. Низ баланс на хумор и сериозност, екипата на Скратен Корнер ќе се обиде отсега, па во иднина, да ви ги претстави своите размислувања околу фудбалот на начин забавен за слушање, притоа мотивирајќи ве и вас да се приклучите кон разговорот преку поставување прашања и наметнување теми.

Неодамна беше објавена и четвртата епизода на Скратен Корнер, која е посветена на историскиот успех кој го забележа македонската фудбалска репрезентација со победата над Грузија и обезбедувањето на дебитантски настап на Европските првенства. Специјален гостин во четвртата епизода на Скратен Корнер е човекот кој стои зад популарниот твитер профил на македонскиот второлигаш ГФК Осогово. Епизодата можете да ја најдете на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/?v=488655335409988

За да останете во тек со сите понатамошни епизоди и содржини на Скратен Корнер, заследете ја официјалната ФБ страна: Скратен Корнер.