24фудбал

Интер одбил 50 милиони евра од Манчестер Сити за Бастони

Од Интер не сакаат да чекаат во поглед на решавањето на прашањето со Бастони, од таму ќе му понудат и нов договор со подобри услови во истиот, а дефанзивецот се надева и дека ќе добие повик за Европското првенство идната година.

Италија

Според информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Интер одбил висока понуда од Манчестер Сити за Алесандро Бастони во летниот преоден рок во висина од 50 милиони евра, а „Нероаѕурите“ сега ќе се обидат да ги решат дилемите околу иднината на дефанзивецот.

Актуелниот договор на 21 годишниот Бастони истекува во 2023. година, а во Италија наведуваат дека Интер веќе почнал да размислува и на таа тема, односно да му понуди на дефанзивецот и нов договор со подобри услови во истиот.

Според пишувањата на „Кориере дело Спорт“, Манчестер Сити за 50 милиони евра сакал да го добие потписот на Бастони, меѓутоа англискиот клуб добил негативен одговор од Интер од каде јасно посочиле дека не сакаат да го продадат својот фудбалер по ниту една цена.

Бастони се приклучи на Интер по трансферот од Аталанта во 2017. Година, трансфер вреден 31 милион евра, а истата сезона ја играше на позајмица во дресот на Парма, а се врати во Интер веднаш штом на клупата на таа екипа седна Антонио Конте.

Продуктот на академијата на Аталанта досега одигра 40 натпревари за Интер, а запиша и деби во сениорскиот состав на Италија против Естонија пред една седмица.