24фудбал

Лукаку го советува Ериксен што треба да направи за да успее во Серија А

Ромелу Лукаку смета дека Кристијан Ериксен ги има сите потребни квалитети како фудбалер за да биде шампион, но потребно му е да научи италијански јазик.

Италија

Лукаку и Ериксен во Интер пристигнаа од Премиерлигата, но различно се прилагодија на новата средина. Белгиецот можеби го игра најдобриот период од својата кариера, додека Данецот разочара.

Во интервју за данска телевизија, Лукаку го советува Ериксен што треба да направи за да успее во Серија А.

„Ериксен ги има сите потребни квалитети за да стане шампион, сакам да му помогнам. Но треба да работи на јазикот“, вели Лукаку.

„Доколку го научи јазикот сигурен сум дека ќе биде полесно за него. Ќе комуницира подобро со соиграчите и тренерот, ќе допринесува повеќе, подобро ќе се вклопи во тимот“.