24фудбал

Гигант се обидел да го украде Ракитиќ во 5 до 12: Реков, потпишувам за Севиља и ќе се оженам со оваа девојка!

Иван Ракитиќ раскажа како се реализирал неговиот трансфер во Севиља во 2011 година, европски гигант се обидел да го украде но тој кажал НЕ бидејќи не сакал да го погази дадениот збор но и поради една девојка која му го украла срцето на прв поглед.

Шпанија

Изминатово лето, Иван Ракитиќ се врати во Севиља по шест години поминати во Барселона. Кога „каталонците“ му соопштија дека може да си бара нов клуб, неговиот избор не беше тежок, се реши за Андалузија од каде потекнува неговата сопруга.

Во разговор со ФИФА, Хрватот раскажа како се сретнал со сопругата и како поради неа одбил европски гигант во 2011 година.

„Првиот ден кога пристигнав во Севиља беше доцна навечерв. Медицинските прегледи беа закажани за следниот ден, многу работи требаше да се испеглаат...“ - вели Иван Ракитиќ.

„Бев нервозен, па со брат ми излеговме на пијачка. Здогледав една девојка која работеше во барот. Само што ја видов, посакав да се оженам со неа. Голем клуб од Европа упорно му ѕвонеше на брат ми, се обидуваше да испрати приватен авион по мене и ме убедуваше да ја одбијам Севиља, но реков, „Веќе дадов збор, ќе потпишам за Севиља и ќе се оженам со оваа девојка“. Бев убеден дека таа ќе ми биде сопруга. Но беше тешко да ја убедам да излеземе, ме одби безброј пати“.

„На теренот секогаш работам напорно, но морав да работам многу понапорно да ја убедам да излеземе“ - додава со насмевка Хрватот.

„По седум месеци, конечно прифати да излеземе на ручек. Сега сме заедно девет ипол години“.