24фудбал

Меси се врати во Барселона и експлодираше: Преку глава ми е јас да бидам главен виновник за сè (ВИДЕО)

Лео Меси се врати во Барселона по настапот за Аргентина, напаѓачот вели дека преку глава му е тој да се посочува како глевен виновник за се што се случува во клубот.

Шпанија

Откако настапи против Перу во квалификациите за мундијалот во 2022, Лео Меси со својот приватен авион веднаш се упати кон Барселона. По 15 часовен лет, напаѓачот вечерва слета на „Ел прат“ каде го чекаа новинарите.

Тој беше запрашан за работите кои беа кажани изминативе денови, односно сториите дека Лео Меси е виновен за слабата форма на Антоан Гризман и тоа што Французинот не може да се снајде на Камп Ноу.

„Преку глава ми е јас да бидам главен виновник за сè што се случува во клубот“ – рече кратко Аргетнинецот.

Тој потоа се пожали за инспекцијата која ја правеле цариниците и даночниците.

„По 15 часа лет, морав да чекам едно половина час даночниците да направат инспекција. Тоа е лудост“.