24фудбал

Се бројат деновите за дебито на „чудото од дете“ на Дортмунд кое Најк го направи милионер на 14 години

Борусија Дортмунд има неколку перспективни играчи во првиот тим, но има и еден голем бисер во школата, се работи за напаѓачот Јусуфа Мукоко, кој во петок ќе наполни 16 години и ќе може да дебитира во „црно-жолтиот“ дрес.

Германија

Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд се двете големи млади ѕвезди на Борусија Дортмунд за кои гигантите ширум Европа се подготвени да платат огромни суми, Џовани Рејна полека се промовира во голем играч а тука е и 17 годишниот Џуд Белингам, кој ги одби најголемите клубови од Англија за да ја продолжи кариерата на „Сигнал идуна парк“.

Но во школата на Борусија Дортмунд има еден особено талентиран фудбалер, кој не може да дебитира за првиот тим бидејќи законот не му дозволува.

Се работи за Јусуфа Мукоко, кој во петок ќе наполни 16 години и ќе се стекне со право да настапи за сениорите. Се работи за „чудо од дете“ кое има постигнато дури 141 погодок на 88 натпревари во младинските категории.

Најк реши да го направи милионер уште на 14 години, и му даде спонзорски договор според кој Јусуфа Мукоко доби 1 милион евра само за потпис на документите и ветување од десетина милиони евра како бонуси во следните години.

Се говори дека за дебито во првиот тим му е ветена пристојна сума од шест цифри (неколку стотици илјади евра) како бонус.

А ниту пак Борусија Дортмунд не штедеше, момчето има годишна плата од 350.000 евра, сума која неговите врсници можат само да ја сонуваат. Се очекува договорот да биде корегиран по дебито во првиот тим и платата да стане милионска.

Од таборот на „црно-жолтите“ не даваат сигнали кога може да се случи неговто деби, но медиумите се убдени дека ќе го видиме Јусуфа Мукоко на терените уште овој викенд и дуелот против Херта.