24фудбал

Мидо за Салах: Знам дека ќе наидам на низа критики, но морам ова да го кажам...

На Островот се води полемика околу протоколот на тамошните власти, а некои увидоа можност да Салах настапи во недела на дербито со Лестер, Салах ќе има уште едно тестирање во текот на утрешниот ден, а негативен тест би му овозможило да се врати во Англија, но дискутабилно е дали ќе биде на теренот во недела доколку добие негативен резултат.

Останато

Поранешниот египетски напаѓач, Мидо не се воздржа а да не упати критики до својот сонародник и голема фудбалска ѕвезда на Египет во моментов, членот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Како што е познато, Салах излезе позитивен на тестирањето за коронавирус во петокот за време на интернационалната пауза и обврските кон својата репрезентација, а тоа се случи само неколку денови откако присуствуваше на свадбата на својот брат.

Знам дека ќе наидам на критики од сите страни поради моите коментари, но едноставно мора да биде така“ вели Мидо за „Ал-Нахар ТВ“.

Мохамед Салах направи огромна грешка со тоа што присуствуваше на свадбата на својот брат неколку денови пред натпревар на националната репрезентација на Египет, ја запостави својата должност со чекорите кои ги направи за да се заштити од коронавирусот, а резултатите си дојдоа сами по себе“ додава тој.


Таквиот потег на Салах доведе до тоа Египет да загуби исклучително важен тим од својата репрезентација, во еден исклучително важен натпревар, исто така, тој го стави под ризик и здравјето на своите соиграчи од репрезентацијата, едноставно не требаше да присуствува на таа свадба, посебно не во еден ваков период, имаше повеќе од 800 луѓе присутни на неа, а половина од нив го прегрнаа, го бакнаа Салах...“ заклучи поранешниот напаѓа.

На Островот, Салах е моментално една доста актуелна тема, Ливерпул се соочува со огромни проблеми во својот состав околу повредени фудбалери, особено тоа важи за дефанзивната линија, па сега се води полемика околу протоколот на тамошните власти за тоа дали Салах би можел да настапи на мечот со Лестер во деветтото коло во недела.

Првично, дуелот беше предвиден да се одигра во сабота, истиот се премести за ден подоцна, па некои гледаат можност Салах да биде инволвиран во таа пресметка доколку на утрешното тестирање добие негативен резултат за ковид-19, меѓутоа, другата страна на приказната вели дека дури и во случај да добие таков исход, Египјанецот ќе мора да остане во самоизолација, односно нема да има можност да настапи во недела.