24фудбал

Коларов одбил да влезе во 119. минута, Тадиќ му порачал: Капитену, нѐ предаде...

Александар Коларов е на мета во Србија по поразот од Шкотска во баражот за ЕВРО 2020, според пишувањата на „Журнал“, Душан Тадиќ му се јавил на левиот бек за да му каже дека играчите се чувствуваат предадено.

Останато

И покрај тоа што поминаа неколку дена од натпреварот со Шкотска, медиумите од Србија продолжуваат да пишуваат за болниот пораз.

На удар е капитенот Александар Коларов, кој не одигра ниту една минута. Наводно левиот бек имал забрана од Интер, поради ситна повреда, „нероаѕурите“ не дозволувале тој да настапи.

„Журнал“ сега открива дека Александар Коларов требал да влезе во игра во 119. минута само за да шутира пенал, но фудбалерот одбил да истрча на теренот.

Па многумина од неговите соиграчи останале разочарани, особено Душан Тадиќ, кој беше капитен во отстувто на Александар Коларов. Според пишувањата на „Журнал“, фудбалерот на Ајакс му се јавил на својот колега и му порачал: „Капитену, нѐ предаде...“.

По дуелот со Шкотска, Александар Коларов веднаш си ги спакува куферите и се врати во Милано, а денеска Интер соопшти дека тој е позитивен на ковид-19.