24фудбал

Цела Европа зборува за голот што го прими Албанија: Ова го нема ни во аматерски фудбал (ВИДЕО)

Албанија со 3-1 славеше над Казахстан во Лигата на нации, но сите зборуваат за голот кој го примија домаќините, Абикен погоди од средината на теренот и мајсторски го лобуваше голманот Бериша.

Останато

Албанија останува во игра за првото место во Групата 4 од Лига Ц, вечерва на домашен терен со 3-1 триумфираше над Казахстан.

Мечот сепак го одбележа голот на гостите. Откако Исмајли погоди во 23. минута за 2-0, Кaзахстан тргна од центар, Ајмбетов изведе а Абикен забележа дека голманот Бериша е излезе и го лобуваше од половина терен за 2-1.

На социјалните мрежи има многу мајтап на сметка на Бериша, критики има и кај спортските медими кои пишуваат дека ваков гол не се гледа ниту во аматерски лиги.