24фудбал

Ова ретко се гледа, тренерот на Динамо го сопре Меси на патот кон соблекувалната и му го побара дресот (ВИДЕО)

Лео Меси доби необично барање по крајот на дуелот помеѓу Барселона и Динамо Киев, гостинскиот тренер Мирчеа Луческу замоли да го добие дресот на Аргентинецот.

Лига на Шампиони

Лео Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата, па често противничките фудбалери „се тепаат“ за неговиот дрес. Но на синоќешниот дуел помеѓу Барселона и Динамо Киев се случи момент кој ретко се гледа, гостинскиот тренер беше тој кој го побара дресот на Аргентинецот.

Кога Лео Меси се упати кон соблекувалната, најпрво се поздрави со Роналд Куман а потоа беш сопрен од Мирчеа Луческу, кој имаше краток разговор со напаѓачот и молба да добие дрес.

Капитенот на Барселона одговори позитивно и гестикулираше дека дресот ќе биде даден подоцна во подтрибинскиот простор на Камп Ноу.