24фудбал

Рен ја оспорува победата на Челси: Играч на мечот беше судијата

Челси ја потврди фаворитската улога на пресметката со Рен, меѓутоа од францускиот прволигаш реагираат на според нив, спорното делење на правдата, а го вперија прстот кон главниот арбитар.

Лига на Шампиони

Претседателот на Рен, Николас Холвек испрати отровна стрела кон германскиот арбитар Феликс Зваер откако францускиот прволигаш доживеа пораз од 3-0 на гостувањето кај Челси во третото коло од групите во Лигата на шампионите.

Гостите останаа со играч помалку на теренот уште во првото полувреме откако Далберт доби втор жолт картон, а според Холвек, доста спорен момент од средбата било играњето со рака на Курт Зума во воведниот дел од мечот.

Горд сум на овој тим, на тренерот исто така, не треба да се срамиме од овој пораз и покрај резултатот на крајот“ рече Холвек.

Но, постои нешто повеќе од разочараност, постои една голема фрустрација, играч на мечот беше судијата“ додаде тој.

Навистина би сакал да ми објаснат околу правилата за играње со рака во казнениот простор, доколку постоеше пенал од страна на Далберт, тогаш зошто немаше и во ситуацијата со Зума? ВАР се буди кога ние играме со рака, но не и за другиот тим“ заклучи првиот човек на Рен.