24фудбал

На Меси не му беше до трчање во финишот од мечот против Динамо Киев (ВИДЕО)

Јасно е дека првата ѕвезда на Каталонците има голема слобода во тимот, па дури и да не прави пресинг на противникот на 20 секунди пред крајот во се уште не добиен меч.

Лига на Шампиони

Барселона со максимални три победи е лидер во групата „Г“ од Лигата на шампионите, а синоќа во третото коло Каталонците на свој терен славеа над Динамо Киев со 2-1.

Најпрво погоди Меси од пенал во раната фаза од првиот дел, за во вториот Пике да зголеми на 2-0, а гостите внесоа неизвесност на пресметката со голот на Циганков во 75. минута.

Во судиското продолжение од три минути впечатокот беше како Меси едвај да чека да биде означен крај на мечот, па на Аргентинецот  не му беше до трчање, а најмалку да изврши пресинг врз противникот, а оваа ситуација е на 20 секунди пред самиот крај.