24фудбал

Јувентус победи убедливо, но Пирло не е задоволен: Премногу сме себични

Андреа Пирло е задоволен само од резултатот против Ференцварош, но не и од играта на неговите фудбалери кои победија со 4-1.

Лига на Шампиони

Јувентус убедливо со 4-1 го победи Ференцварош и освои три значајни бода во Лигата на шампионите по поразот од Барселона во претходното коло.

„Задоволни сме од резултатот, но можевме да пружиме подобри перформанси. Направивме многу грешки, треба да се подобриме“, вели Пирло.

„Зборувам со моите играчи многу, но кога се на терен тие ги носат одлуките. Можеа да бидат помалку себични и да го решевме натпреварот многу порано“.