Категорија: Италија 26.10.2020 22:47
Дербито на Сан Сиро заврши без победник, Милан и Рома одиграа возбудливо реми со шест погодока.
Резултатот беше отворен веќе во 2. минута, Златан Ибрахимовиќ погоди за 1-0. Гостите одговoрија преку Џеко, по еден корнер, голманот на Милан излета во празно а Босанецот со глава ја затресе празната мрежа.
На стартот од второто полувреме, „росонерите“ се вратија во предност, Салемакерс погоди за 2-1. Потоа следуваше смешен пенал за гостите и гол од белата точка на Верту за 2-2 во 71. минута.
Судијата како да направи компензација, па досуди смешен пенал и во корист за Милан а Ибрахимовиќ реализираше за 3-2. Сепак, на пет минути пред крајот, Ибра лошо реагираше при еден корнер а Кумбула изедначи на 3-3.