24фудбал

Милан вака не играл во последните 56 години, „росонерите“ лесно се справија со Селтик (ВИДЕО)

Милан со 1-3 славеше на гостувањето кај Селтик и за прв пат по 1964 година на десет меча во низа постигнуваат барем по два гола, избраниците на Стефано Пиоли се во одлична форма.

Лига Европа

Милан продолжува да реди победи, вечерва триумфираше на гостувањето кај Селтик со 1-3. Круниќ го отвори резултатот по петнаесетина минути игра, а пред крајот на првиот дел, Брахим Диаз зголеми на 0-2.

Во продолжението од мечот, Елјунуси намали на 1-2, а во судиското надополнување, новајлијата Хауге го постигна својот прв гол и ги постави конечните 1-3.

Избраниците на Стефано Пиоли сега со огромна самодоверба ќе го чекаат дербито со Рома, за прв пат по 1964 година, имаат десет натпревари во серија на кој постигнуваат барем два гола.

Тотнем се опорави од шокот против Вест Хем со рутинска победа од 3-0 против ЛАСК. Лукас го отвори резултатот по една убава акција, а во 27. минута, Андраде си постигна автогол во обидот да пресече едно додавање на Бејл до Винисиус. На пет минути до крајот, Сон ја потврди победата.

Резултати на натпреварите од 21 часот:

Брага - АЕК 3:0

Селтик - Милан 1:3

Динамо - Феенорд 0:0

Хофенхајм - Црвена звезда 2:0

Лестер - Зорја 3:0

Либерец - Гент 1:0

Лудогорец - Антверп 1:2

М. Тел Авив - Карабах 1:0

Спарта Прага - Лил 1:4

Тотнем - ЛАСК 3:0

Виљареал - Сиваспор 5:3

Волфзбергер - ЦСКА Москва 1:1