24фудбал

Јунајтед во финишот го скрши Њукасл, Солшер може за момент да здивне (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 4-1 победи на гостувањето кај Њукасл со три гола постигнати во самиот финиш од мечот, три бода со кои барем за момент ќе се симне притисокот од грбот на Солшер.

Англија

По поразот од 6-1 од Тотнем силно почна да се тресе столчето на Солшер, му се спремаше отказ, но по денешната победа Норвежанецот може да се насмее.

Натпреварот почна шокантно за Њукасл, по само неколку секунди игра Шо си постигна автогол за водство на Њукасл од 1-0.

Бруно Фернандеш даде гол во 20. минута, но ВАР му го поништи откако асистентот Мата беше во офсајд.

Но само три минути подоцна Јунајтед го изедначи резултатот, Мата центрираше од корнер, Мегваер погоди со глава за израмнување на 1-1.

По 15 минути игра во вториот дел Манчестер јунајтед доби пенал, но Бруно Фернандеш не реализираше. Тоа беше неговиот прв промашен пенал во дресот на англискиот тим.

Се ближеше крајот на мечот, во 86. минута Манчестер јунајтед имаше прекрасна акција која заврши со убав погодок на Бруно Фернандеш по асистенција од Рашфорд за комплетен пресврт и водство од 2-1.

Во 90. минута и Ван Бисака постигна гол за 3-1, Рашфорд уште еднаш беше асистент.

Во 97. минута и самиот Рашфорд постигна гол за конечни 4-1.