24фудбал

„Да го ангажираш Кавани, на 33 години и со неделна плата од преку 200.000 фунти... тоа е знак на очај“

Хари Реднап го прокоментира трансферот на Единсон Кавани на Олд Трафорд, вели дека зделката која ја комплетираше Манчестер јунајтед на последниот ден од преодниот рок е знак на очај.

Англија

Во последниот ден од преодниот рок, „ѓаволите“ донесоа дури четири засилувања, за Манчестер јунајтед потпишаа Единсон Кавани, Алекс Телеш, Факундо Пелистри и Амад Диало.

Многу дебата покрена ангажман на Единсон Кавани, особено што Уругваецот стана еден од најплатените на Олд Трафорд со неделни примања од преку 200.000 фунти.

Според Хари Реднап, раководството на Манчестер јунајтед се коцка со Единсон Кавани и смета дека ангажманот е знак на очај.

„Знаете дека од време на време сакам да се коцкам... но никогаш не сум се коцкал како што Манчестер јунајтед се коцка со Единсон Кавани“ – пишува поранешниот тренер на Тотнем во колумната за „Сан“.

„Уште пред да загубат од Тотнем беше очигледно дека им се потребни засилувања. Но да го ангажирате Кавани, на 33 години и со неделна плата од преку 200.000 фунти на последниот ден од преодниот рок, тоа е знак на очај“.

„Уште пред осум недели добро упатени извори ми велеа дака Единсон Кавани сака да дојде во Англија. Кога слушнав за каква плата станува збор, само им реков „Со среќа“. Па доколку Манчестер јунајтед сакал да го ангажираше, зошто толку многу чекаа и решија да го сторат тоа во последниот ден?“