24фудбал

ПАОК ја исфрли Бенфика, активностите на трансфер пазарот се покажаа клучни за Португалците! (ВИДЕО)

ПАОК со 2-1 ја победи Бенфика во Солун и ја елиминираше од Лигата на шампионите, место во плеј-офот обезбедија и Динамо Киев и Гент.

Лига на Шампиони

Бенфика беше фаворит на гостувањето кај ПАОК, но од Солун си заминува со наведната глава. А како клучни се покажаа нивните активности на трансфер пазарот.

ПАОК поведе со автогол на новото засилување на Бенфика, Јан Вертонген кој си ја затресе мрежата во 63. минута.

Десетина минути подоцна Живковиќ постигна убав гол за 2-0. Српскиот играч пред само неколку дена од Бенфика пристигна во ПАОК. Тој не се радуваше на дадениот гол, покажа почит кон неговиот поранешен клуб, но на нив тоа сега ништо не им значи.

Бенфика во 94. минута успеа преку Силва само да постигне почесен гол.

Во плеј-офот ПАОК ќе му гостува на Краснодар.

Динамо Киев со 2-0 го совлада АЗ Алкмар, а Гент со 2-1 беше подобар од Рапид Виена. 

Гент и Динамо Киев ќе бидат противници во плеј-офот за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.