24фудбал

Агентот на Бејл потврди: Герет сака да се врати во Тотнем, во преговори сме!

Шпекулациите на медиумите дека Тотнем преговара со Реал Мадрид за враќање на Герет Бејл сега ги потврди и неговиот агент, Џонатан Барнет.

Англија

Герет Бејл овој преоден рок конечно ќе се збогува со Реал Мадрид, а голема е веројатноста да се врати таму од каде што и пристигна во кралскиот клуб.

Жозе Мурињо е голем фан на Герет Бејл, сакаше да го донесе и кога беше тренер на Реал Мадрид, се чини дека желбата сега ќе му се исполни.

„Герет Бејл го сака Тотнем. Во преговори сме за негов трансфер. Тоа е местото каде што тој сака да оди“, потврди неговиот агент Џонатан Барнет за „Би-Би-Си“.

Се верува дека во преговорите директно ќе биде вклучен и Жозе Мурињо поради неговата добра релација со Флорентино Перез од времето кога работеше на Сантијаго Бернабеу.

Покрај за Бејл, Тотнем е во преговори со Реал Мадрид и за ангажман на левиот бек Регилон.