24фудбал

Не само за Бејл, Тотнем преговара со Реал Мадрид за уште еден фудбалер

Тотнем за кратко време може да договори два трансфери со Реал Мадрид, во Северен Лондон може да се врати Герет Бејл, но големи се шансите да пристигне и Регилон.

Англија

Според мадридскиот весник „АС“, Тотнем го прифатил барањето на Реал Мадрид за клаузула со која ќе може да си го вратат назад Регилон во наредните две години, нешто кое не сакаше да го прифати Манчестер јунајтед.

23-годишниот лев бек минатата сезона играше одлично во дресот на Севиља каде беше на позајмица од Реал Мадрид. Со своите настапи го привлече вниманието на повеќе клубови. А најблиску до неговиот потпис е Тотнем.


Тотнем за Регилон ќе треба да плати 30 милиони евра, а во договорот ќе има клаузула според која во првите две сезони Реал Мадрид ќе има опција да го врати назад за 35 или 40 милиони евра.

Претходно стигна и информацијата дека Тотнем го претрка Манчестер јунајтед и за потписот на Герет Бејл, па големи се шансите тој да се врати во Северен Лондон од каде и отиде во Реал Мадрид.

Се верува дека во преговорите е вклучен и Жозе Мурињо кој има одличен однос со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез од времето кога беше тренер таму.