24фудбал

Арсенал преговара за ангажман на нов голман, иднината на Илиев не е во Северен Лондон

Арсенал е во преговори со Дижон за голманот Рунар Алекс Рунарсон кој треба да биде замената за Емилијано Мартинез кој ќе потпише за Астон Вила.

Англија

Емилијано Мартинез е пред потпис со Астон Вила, трансферот е договорен, во наредните неколку денови се очекува и негово официјализирање.

Еден од голманите на Арсенал е и нашиот Дени Илиев, но лондонскиот тим очигледно нема да смета на Македонецот бидејќи сака да купи нов голман кој ќе биде замена за Мартинез.

Арсенал е во напредни преговори со Дижон за нивниот голман Рунар Алекс Рунарсон.

Артета пред Илиев смета и на младиот Англичанец, Мет Мекеј, па доколку потпишат и со Рунарсон, тогаш ќе биде јасно дека Македонецот и дефинитивно треба да го напушти Северен Лондон за да брани.