24фудбал

Португалецот грми: Мурињо ја објасни чудната одлука со Али, а своите фудбалери ги нарече...

Гостувањето кај Саутемптон идниот викенд е следниот предизвик за избраниците на Мурињо по лошото издание на домашен терен против „Карамелите“, меѓутоа играта на Тотнем не ветува, барем од првичниот впечаток.

Англија

Амбициозниот Евертон тргна со минимална победа кај Тотнем во првото воведно коло од новата сезона во Премиерлигата, Карло Анчелоти во целост го надмудри својот ривал од спротивниот табор Жозе Мурињо, кој не го криеше револтот по изданието на своите фудбалери.

Особено зачуди неговата одлука да го повлече Деле Али уште по првите 45 минути игра, за што имаше и безброј реакции на навивачите, за подоцна тоа да се покаже како доста лош потег од кој гостите профитираа, но Мурињо тврди дека одлуката била од тактичка природа.

Гомес и Дукуре притискаа високо, имаше голем простор поради сево ова, потребна ми беше динамика во тој дел од теренот“ изјави Мурињо во однос на одлуката околу Али, меѓутоа Португалецот наведе и дека неговите избраници биле мрзеливи.

Ние бевме мрзеливи во пресингот, тоа е резултат на лошата подготвеност, лоши подготовки во пресрет на сезоната, некои од фудбалерите воопшто немаа никакви подготовки“ додаде тој.

Некои од фудбалерите дури имаа и погрешна состојба на умот, не би сакал да говорам на таа тема, бидејќи не сум сигурен, разочаран сум од изданието на моите фудбалери, мојата порака ја кажав во соблекувалната, среќен сум што Амазон веќе не е дел од нас и тие работи можат да останат помеѓу нас“ подвлече Мурињо алудирајќи и на фактот што е завршен документарецот околу „Спарси“.