24фудбал

Како ќе изгледа стартниот тим на Барса под водство на Куман (ФОТО)

Каталонскиот весник „Спорт“ направи прогноза како ќе изгледа тимот на Барселона во новата сезона под водство на Роналд Куман, има неколку промени.

Шпанија

Барселона ќе игра во формација 4-2-3-1. На голманската позиција нема да има промени, а ниту во дефанзивната линија.

Пред Тер Штеген ќе бидат Пике и Ленгле, на страничните бековски позиции Жорди Алба и Серхи Роберто.

Новина ќе биде што во средниот ред Куман би требало да игра со двоен пивот. Бускетс се очекува да го загуби местото во стартниот тим, или да не биде често меѓу првите 11, на тој дел од теренот ќе играат Де Јонг и Пјаниќ.

Во офанзивата најистурен ќе биде младиот Ансу Фати, позади него е Гризман, а страничните позиции во офанзивата ќе ги завземат Меси и Дембеле.

Составот може да претрпи и промени доколку Барса успее да донесе некои од трансфер желбите како Ерик Гарсија, Вајналдум, Депај и Лаутаро Мартинез.