24фудбал

Санчо се договорил со Манчестер јунајтед, ќе стане третиот најплатен играч на Олд Трафорд

Медиумите од Англија пренесуваат дека Манчестер јунајтед ги договорил личните услови на Џејдон Санчо, перспективниот Англичанец и „ѓаволите“ си подале рака за плата од 250.000 фунти неделно.

Англија

Борусија Дортмунд постави рок до 10. август за трансфер на Џејдон Санчо, но Манчестер јунајтед не се откажува и верува дека до крајот на преодниот рок може да го врати фудбалерот во Премиерлигата.

Последните извештаи велат дека „ѓаволите“ ги договориле личните услови на перспективниот Англичанец. Двете страни си подале рака за плата од 250.000 фунти, со што Џејдон Санчо ќе стане третиот најплатен играч на Олд Трафорд. Поголеми примања од него би имале само Давид де Хеа (350.000 фунти неделно) и Пол Погба (290.000 фунти неделно).

Сега останува потешкиот дел од задачата односно да се пронајде дил со Борусија Дортмунд. Се шпекулира за трансфер од 90 милиони фунти, плус додатни 18 милиони фунти во бонус, пари кои ќе бидат платени на неколку рати.