24фудбал

Суарез ги збуни сите со последната објава на социјалните мрежи (ФОТО)

Медиумите веќе го преселија Луис Суарез во Јувентус, но напаѓачот попладнево ги збуни сите со објавата на социјалните мрежи и пораката дека се смее на лажните вести.

Шпанија

Роналд Куман не смета на Луис Суарез, напаѓачот треба да си најде нов клуб и со денови се шпекулира дека е договорен трансфер во Јувентус, односно тој постигнал согласност со „старата дама“ за плата од 10 милиони евра а и двата клуба си подале рака за зделка од 3+13 милиони евра.

И додека медиумите пишуваа дека Уругваецот е на чекор до преселба, се чини самиот фудбалер не мисли така.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија на која тренира во Барселона со насмевка на лицето и напиша: „Додека се појавуваат лажни вести, јас се смеам“