24фудбал

Милер објасни зошто уште на загревањето знаел дека ќе ја „згазат“ Барселона

Баерн Минхен со 8-2 ја понижи Барселона во Лигата на шампиони, а Томас Милер вели дека можел да се насети ваков резултат уште на загревањето, „каталонците“ ем покасно се појаивле на теренот, ем биле прилично релаксирани.

Лига на Шампиони

Барселона загуби со срамни 8-2 од Баерн Минхен, резултат кој придонесе за промена на тренерот, а го натера и Лео Меси да изрази желба да замине од Камп Ноу.

Томас Милер сега открива дека уште на загревањето можело да се насети ваков резултат.

„Ние веќе се загревавме едно десетина минути, кога фудбалерите на Барса истрчаа на терен и почнаа да се загреваат но беа премногу релаксирани. Може се работи за друга филозофија, но покажа колку ние бевме „гладни“ за успех. Кога видовме колку се опуштени, знаевме дека ќе ги „згазиме““ - вели Томас Милер.

За најавеното заминување на Лео Меси, тој додава: „Меси е најдобриот фудбалер на планетава, можеби е најдобриот во последните 100 години. Една ваква промена сигурно ќе биде интересна за сите во светот на фудбалот, освен за фановите на Барселона“.

„Никој не го критикува. Напротив, сите се љубопитни да видат што ќе донесат овие нови патишта“.