24фудбал

Црвена звезда ја преживеа Тирана, ПАОК го исфрли Бешикташ (ВИДЕО)

Црвена звезда со минимални 1-0 победи на гостувањето кај Тирана, ПАОК со 3-1 триумфираше над Бешикташ.

Лига на Шампиони

Црвена звезда потешко од очекувањата ја помина Тирана, српскиот клуб постигна само еден гол, но тој беше доволен за пласман во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Мрежите мируваа се до 62. минута кога по асистенција од Катаи, Томане со глава реализираше за водство на Црвена звезда кое на крајот се покажа и како конечен резултат.

Во грчко-турскиот дуел ПАОК со 3-1 го победи Бешикташ. Цолис постигна два гола, еден даде Пелкас, домаќините промашија и пенал. Ларин беше стрелец на почесниот погодок за Бешикташ.